Темелков го урна Камјани и ги врати „лавовите“ на победничките патеки

Mакедонија Ѓорче Петров ги освои трите бода во првиот натпревар од петотото коло во Втората македонска фудбалска лига во дуелот со Камјани.

Првото полувреме донесе израмнета игра со по некоја прилика и на двете страни, а моментот на одлука се случи на 20-тина минтуи пред крајот. Херој на домашниот состав беше Стефан Темелков кој најдобро се снајде во шеснаесетникот и постигна гол за водство и поебда.

За Македонија Ѓорче Петров ова прва победа по двата порази од Пелистер и Брера со што стигнаа до седум бода по пет натпревари.

Ќе потсетиме, дуелот помеѓу Брера и Работнички кој требаше да се игра денеска е одложен поради настапот на струмичкиот тим во младинската Лига на шампиони.