Новајлијата Хал е хит во Премиер лијата, не загуби и од Челси (ВИДЕО)

Фудбалерите на Хал се едно од најпријатните изненадувања на почетокот од сезоната во Премиер лигата и попладнево со реми против Челси 2-2 останаа непоразени и по четири кола во најсилното друштво.

Челси тргна одлични и поведе уште во седмата минута со голот на Роџерс, по асистенција на Жоао Педро. Сепак, избраниците Сергеј Јакировиќ успеаја до паузата да го свртат резултатот.

Двата гола ги постигна расположениот Белуми. Прво ја затресе мрежата во 28. минута по асистенција на Џајлс, а потоа во 34. минута по додавањето од Мек Бурни. Со тоа Хал со водство замина на паузата. 

Челзи до израмнување дојде во 66. минута. Палмер одлично проби по левата страна и упати добар центаршут, а на вистинското место се најде одличниот Жоао Педро.

Фаворизираните домаќини до крајот на натпреварот целосно ја презедоа контролата врз топката и имаа иницијатива, но и покрај добрите шанси голови немаше, па резултатот остана 2-2.

Хал сега е трет на табелата во Премиер лигата со осум бодови од четири кола, додека Челси е на петтата позиција со бод помалку. Во следното коло Челси гостува кај Брентфорд, а Хал ќе му гостува на Њукасл.

Денеска ремизираше и Ливерпул и тоа против Фулам со 0-0. На останатите средби, Нотингем ја победи Астон вила со 2-1, Бормунт и Брентфорд одиграа 2-2, додека изненадување приреди Ипсвич со победа на гости кај Кристал палас со 3-2.