Eфикасно попладне во Германија, Борусија и Фрајбург најубедливи (ВИДЕО)

Екипата на Борусија Дортмунд денеска ја оправда фаворитската улога со победа од 3-0 против Падерборб.

ИИнтересно беше тоа што ВАР технологијата поништи и уште два гола на „милионерите“. Резултатот беше отворен во петтата минута кога погоди Фабио Силва, а потоа два гола му се поништија на Гираси. За сигурна победа на Борусија се погрижи Нмеча кој беше двоен стрелец во финишот.

Уште поубедлив триумф забележа Фрајбург кој со 5-0 ја совлада Борусија Менхегладбах. По два гола постигнаа Енгелхард и Матановиќ, а еден постигна Егештејн.

На останатите средби Аугусбург и Леверкузен ремизираа 2-2, Ајнтрахт на гости го победи Мајнц со 3-1, додека Хофенхајм со 2-1 се радуваше против Штутгарт.