Полиција мораше да ги чува Димитриевски и компанија од лутите навивачи на Валенсија (ВИДЕО)

Кризата во Валенсија продолжува да се продлабочува, а по новиот пораз атмосферата меѓу клубот и навивачите достигна ново ниво. По поразот со 0-1 од Севиља синоќа, фудбалерите на Валенсија беа пречекани со гнев од дел од сопствените навивачи.

На аеродромот во Манисес беше распоредено засилено полициско обезбедување за да се спречи директен контакт меѓу незадоволните навивачи и експедицијата на Валенсија. Дел од навивачите потоа се преселиле пред тренинг-центарот во Патерна, каде што повторно ги пречекале играчите и стручниот штаб.

 

 

Полицијата формирала кордон околу автобусот и возилата на фудбалерите, овозможувајќи им безбедно да влезат и да го напуштат комплексот. Според шпанските медиуми, ситуацијата била напната, но не дошло до посериозни инциденти. Дел од оваа непријатна атмосфера беше и македонскиот голман Столе Димитриевски, кој го бранеше голот на Валенсија на гостувањето во Севиља. Иако е тој можеби најдобар играч од почетокот на сезоната, секако го почувствува бесот на навивачиѕр. Клубот по пет одиграни кола има само еден освоен бод и се наоѓа на последното место на табелата.

Незадоволството на навивачите не е насочено само кон резултатите, туку и кон управувањето со клубот и начинот на кој се води тимот. По претходниот тежок пораз од Барселона со 0-5, навивачите веќе организираа протести, а тензиите очигледно не стивнуваат.