Тренерот на Фенербахче ги шокираше новинарите: Не сакам прашања, давам оставка (ВИДЕО)
Картал кратко на прес-конференцијата соопшти дека го напушта кормилото на истанбулскиот гигант, само три месеци откако по четврти пат во кариерата го презеде Фенербахче.
„Се повлекувам од функцијата. Не сакам прашања, поднесувам оставка за доброто на клубот и на екипата“, порача Картал, а потоа ја напушти прес-конференцијата без дополнителни објаснувања.
Сепак, засега официјално тој е и понатаму тренер на турскиот гигант бидејќи набрзо потоа со реакција излезе претседателот Азиз Јилдирим кој порача дека додека стои за Картал и сака тој да остане на кормилото.
📌 İsmail Kartal, Fenerbahçe'deki teknik direktörlük görevinden istifa ettiğini açıkladı! #UCL #beINSPORTS https://t.co/TQXOncc2UB
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) September 10, 2026