Ѓорѓи Мојсов ќе води клуб во Србија

Според информациите на српските медиуми, Ѓорѓи Мојсов тренерската кариера ја продолжува во редовите на Земун.

Како што тврди, „Мердијанспорт“ 41-годишниот Мосов ги договорил сите детали и ќе седне на клупата на српскиот прволигаш.

Последниот ангажман Мојсов го имаше на клупата на Тиквеш кој го водеше на 104 официјални натпревари, а си замина во октомври минатата година.

Работата во Земун за Мојсов ќе биде прв предизвик надвор од границите на Македонија како тренер.