Илиман Ндиаје: Кога Сити ќе ти се јави, на сите други им велиш НЕ!
Трансферот на напаѓачот од редовите на Евертон беше реализиран на само неколку часа пред затворањето на летниот преоден рок и тоа непосредно откако екипата од Ливерпул веќе имаше прифатено официјална понуда од Тотнем за неговите услуги. И покрај неизвесноста во последните моменти од трансфер-пазарот, офанзивниот фудбалер истакна дека останал смирен во врска со својата иднина и дека повикот од Манчестер Сити експресно ги разрешил сите дилеми околу неговиот следен клуб.
„Немаше стрес или паника. Секогаш сум велел дека што и да се случи, Господ ја решава твојата иднина, таа е исцртана. Бев трпелив и кога Сити дојде... Мареска е некој кому му се восхитувам и откако го добив повикот, имаше само една насока за тоа каде сакам да одам“, изјави Ндиаје.
Запрашан за пропаднатиот трансфер во Тотнем и колку бил блиску до преселба во Лондон, напаѓачот објасни дека спортските амбиции и можноста за настап во најелитното европско натпреварување биле пресудни за неговиот конечен избор.
„За мене секогаш ќе беше Сити. Сакав да играм во Лигата на шампионите и во еден од најдобрите тимови на светот. Не велам дека Тотнем не е тоа, но кога Манчестер Сити ќе се јави, не велите 'не'. Ова беше добра недела за мене, која беше надополнета со победа“, заклучи Ндиаје.