Миленковски го одреди конечниот состав: Македонија со четворица дебитанти на ЕП

Селекторот Јошко Миленкоски го одреди составот на македонската одбојкарска репрезентација за Европското првенство 2026, а списокот носи четири нови имиња кои првпат ќе почувствуваат како е да се настапува на континентален собир во националниот дрес.

Давид Стојанов, Кристијан Илијев, Михајло Мирасчиев и Филип Јованов се четворицата дебитанти во составот на Македонија. Стојанов ќе биде меѓу техничарите, Илијев ќе ја има улогата на коректор, Мирасчиев е среден блокер, додека Јованов ќе биде опција на позицијата либеро.

Останатите десет одбојкари се добро познати имиња кои веќе имаат искуство од големите натпреварувања и во минатото го носеа македонскиот дрес на европските шампионати. Националниот тим утринава тргна кон Софија, каде што ќе ги одигра натпреварите од групата Б. Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 септември, а нашиот национален тим ќе има исклучително тежок распоред.

Прв ривал ќе биде домаќинот Бугарија, по што следуваат дуели со актуелниот европски шампион Полска, Украина, Португалија и Израел. Предводени од Миленкоски, македонските одбојкари ќе се обидат да одиграат уште еден добар континентален турнир и да ја оправдаат довербата на стручниот штаб. Групата Б носи силна конкуренција, особено поради присуството на Полска, но Македонија својата шанса ќе ја бара во секој натпревар.