Атанасов еден од хероите на Актобе, асистираше за победа (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Јани Атанасов одигра одличен натпревар за Актобе во Казахстан и беше еден од најзаслужните за триумфот од 1-0 во 25. коло.

Актобе играше против Женис, а Македонецот се истакна со асистенција на десетина минтуи пред крајот.

Атанасов во 81. минута одлично се снајде и го пронајде Шушенчев кој го постигна победничкиот гол.