Вардар фуриозно тргна во одбрана на тронот и ги прегази младите пелистерци (ФОТО)
Јасно беше дека избраниците на Чупиќ ќе бидат фаворити против младите момци предводени од Бранислав Ангеловски. Рамноправни гостите беа само во почетните минути, а потоа домашниот состав почна да се одлепува.

Првата посериозна разлика Вардар ја направи со серија од 4-0 кога поведе 8-4. Во продолжение до крајот на првиот дел со неколку мини серии „црвено-црните“ дојдоа до предност од 18-9.
Не се промени ништо ниту во вториот дел, Вардар продолжи да доминира и да ја зголемува разликата за на крајот да слави со 12 голови разлика. Најефикасен кај Вардар беше Матео Фадуил со шест гола, додека по пет постигнаа Урош Митровиќ и Тузолана. На спротивната страна четири гола постигна Кристијан Симоновски.
Ова беше и единствениот натпревар првото коло во денешната програма, додека за викендот в недела од 19:00 часот ќе го гледаме дербито помеѓу Охрид и Пелистер.

