Томовски одбрани 13 шута, ама Кил убедливо ги однесе бодовите
Неговиот Битингхајм беше аутсајдер и очекувано загуби со 28-36, но Томовски беше можеби најдобар поединец во својата екипа. Оствари 13 одбрани и го спаси Битингхајм од катастрофа, а според ефектот беше подобар од двајцата противнички голмани Перез де Варгас и Волф кои заедно имаа десет.
По две одиграни кола Битингхајм е во долниот дел од табелата во Бундеслигата со биланс од една победа и еден пораз.