Шкендија Арачиново доби казна, а се водат постапки и против Шкупи и Македонија ЃП!
Шкендија Арачиново ќе плати парична казна од 2.500 евра поради слаба организација, односно фрлање на предмети во терен присуство на неслужбени лица во службени простории вербален напад на судијата на натпреварот.
Фудбалерот на Тиквеш, Лавал Емануел доби суспензија од три натпревари поради црвениот картон на мечот против Вардар.
ФФМ отвори и дисциплински постаки против Шкупи и Македонија ЃП.
„Против ФК Македонија ЃП се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација односно користење на пиротехнички средства и фрлање на предмети во терен на натпреварот од 3. коло во Втора МФЛ меѓу ФК Македонија ЃП-ФК Пелистер.
Против ФК Шкупи 1927 АД се поведува дисциплинска постапка поради слаба организација односно фрлање на предмети во терен на натпревар од 3. коло во Втора МФЛ меѓу екипите на ФК Шкупи 1927 АД-ФК Тетекс 1953.
Златко Ристов кондициски тренер на ФК Македонија ЃП се казнува со забрана на вршење на функција во траење од еден месец“, соопшти ФФМ.