Taга во Сплит: Почина една од најголемите легенди на Хајдук!
Гудељ дресот на Хајдук го носеше на 362 натпревари и постигна 93 гола и со гигантот од Сплит ја освои титулата шампион на Југославија, како и два Купа. Беше еден од најистакнатите фудбалери на својата генерација и голем миленик на сплитската публика.
За репрезентацијата на Југославија запиша 33 настапи, играше на Светското првенство во 1982 година во Шпанија и на Европското првенство во 1984 година, а на Мундијалот успеа и да постигне гол.
Неговата голема играчка кариера, сепак, беше прерано прекината. Поради болест мораше да го напушти професионалниот фудбал уште на 26-годишна возраст, во моментот кога беше на врвот и кога му се предвидуваше уште поголема кариера надвор од границите на Хрватска.
По завршувањето на играчката кариера, остана во фудбалот како тренер и фудбалски работник, а со години работеше и со младинските хрватски репрезентации.