Салах веќе стана омилен, улица во Турција ќе го носи неговото име

Египетскиот напаѓач Мохамед Салах се најде во центарот на вниманието на турската јавност по несекојдневниот и исклучително свечен пречек што му беше приреден во Турција.

Првиот човек на општината Јомра во провинцијата Трабзон, Мустафа Бијик, наводно одлучил да му укаже голема чест на славниот фудбалер веднаш штом дознал дека тој ќе престојува на подрачјето на оваа локална заедница.

Имено, градоначалникот официјално предложил улицата на која ќе живее египетскиот ас во иднина да го носи името „Улица Мохамед Салах“.

Турските власти на овој начин настојуваат максимално да го искористат присуството на една од најголемите светски спортски ѕвезди за промоција на својот туризам и спортскиот имиџ.

Фото: Trabzonspor