Трамп за него направи скандал, а тој сега паднал на лекарски прегледи?!
Неговиот трансфер од Монако во англискиот Евертон е под голем знак прашалник, откако се појавија неочекувани проблеми на лекарските прегледи.
Како што објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо, медицинскиот тим на Евертон проценил дека репрезентативецот на САД не е 100 отсто физички подготвен, поради што одлучиле да го стопираат процесот на потпишување на договорот, иако веќе бил договорен трансфер вреден 40 милиони евра.
🚨 Exclusive Folarin Balogun has failed his medical with Everton. The deal could collapse despite Monaco and Everton having reached a full agreement.. @RMCsport pic.twitter.com/cQYp25fdbz
— Fabrice Hawkins (@FabriceHawkins) September 1, 2026
Од друга страна, од Монако и од таборот на самиот фудбалер остро ги демантираат овие тврдења. Тие инсистираат дека Балогун е целосно подготвен за игра и дека не постојат никакви физички или здравствени пречки за реализација на трансферот.
Сега клубовите имаат исклучително малку време да ја разјаснат ситуацијата и да одлучат дали трансферот во самиот финиш на преодниот рок сепак ќе биде реализиран или Американецот ќе остане во Франција.
Ќе потсетиме, напаѓачот летово се најде во центарот на вниманието кога Доналд Трамп реагираше да биде поништен неговиот црвен картон на Мундијалот.
Фото: AS Monaco/X