Братот на Јанис Адетокумбо стана соиграч на Димитријевиќ!

Грчкиот крилен играч Танасис Адетокумбо, чиј брат Јанис летово се пресели од Милвоки во Мајами во новата сезона ќе биде соиграч на македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ во редовите на Арис.

Искусниот 34-годишен грчки репрезентативец потпиша двегодишен договор, со опција за продолжување на соработката на уште една сезона, со што Арис доби играч со богато НБА и европско искуство.

Адетокумбо така се враќа во грчката кошарка по неколку години поминати во НБА-лигата, каде што го носеше дресот на Милвоки заедно со Јанис. Токму во Милвоки го оствари најголемиот успех во кариерата, бидејќи во 2021 година стана НБА шампион. 

За Бакс одигра вкупно 255 натпревари, а сега своето искуство ќе му го стави на располагање на Арис, кој го потврди трансферот преку социјалните мрежи.