Доста ПСЖ купуваше, летово собра 330 милиони евра од продажба на играчи

Пари Сен Жермен со години важеше за клуб кој без размислување троши огромни суми на трансфери, но ова лето францускиот гигант покажа дека може да заработува и од продажбата на своите фудбалери.

ПСЖ оствари неверојатни приходи од околу 330 милиони евра од продажбата на играчи во летниот преоден рок, што претставува една од најуспешните трансферни операции во историјата на клубот.

Најголемата зделка беше продажбата на Бредли Баркола, кој замина во Ливерпул за сума која може да достигне 140 милиони евра, со 116 милиони фиксна отштета и дополнителни бонуси. Со ова Баркола стана најскапиот излезен трансфер во историјата на ПСЖ. Парижаните заработија сериозни суми и од други фудбалери. Гонзало Рамос премина во Милан за околу 74 милиони евра, Рандал Коло Муани замина во Јувентус за 41,2 милиони, додека Канг-ин Ли и Нохам Камара донесоа дополнителни десетици милиони во клупската каса.

Ова е значителна промена во политиката на францускиот клуб. Наместо само да купува скапи ѕвезди, ПСЖ во последниот период се насочува кон развој на млади фудбалери, нивно афирмирање и потоа продажба за огромни суми.