Официјално: Жесус е нов напаѓач на Барселона! (ВИДЕО)

Барселона денеска го потврди трансферот на напаѓачот Габриел Жесус, кој доаѓа од редовите на Арсенал во трансфер вреден 10 милиони евра плус бонуси.

Жесус потпиша тригодишен договор со каталонскиот гигант, а по успешните медицински прегледи беше промовиран како најново засилување на Барселона.

Бразилецот минатата сезона настапи на 27 меча за „топчиите“, а притоа постигна шест голови и две асистенции, додека во Барселона се очекува да ја пополни празнината која ја остави Роберт Левандовски.