Дормунд брзо најде замена за повреденото големо засилување и тоа кај Арсенал!

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд постигна договор со Арсенал за позајмица на 19-годишниот офанзивен играч за врска, Итан Нванери, откако информацијата за трансферот ја пренесоа англиските медиуми, а ја потврди и новинарот Фабрицио Романо.

Младиот Англичанец ќе настапува за тимот од Дортмунд до крајот на тековната сезона. Според договорот, германскиот клуб во целост ќе ја преземе обврската за исплата на неговата плата. Ангажманот на Нванери е директна реакција на раководството на Борусија по големиот малер на новото засилување, Јоанис Константелиас. Грчкиот интернационалец сериозно се повреди уште во првото коло од Бундеслигата, поради што го очекува подолго отсуство од терените.

Заминувањето на позајмица е логичен чекор и за самиот Нванери, кој според најавите немаше да добие значителна минутажа во тимот на менаџерот Микел Артета во текот на оваа кампања. Тој и минатата сезона исто така играше како отстапен играч и тоа во дресот на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј, каде што забележа два гола и една асистенција на вкупно 11 одиграни натпревари.