Спас во последен час: Миовски пред сензационален трансфер во гигант од Холандија

Холандскиот гигант Феенорд стапи во контакт со шкотскиот Ренџерс за ангажирање на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Засега неофицијално, клубовите преговараат за потенцијална позајмица на 27-годишниот напаѓач пред истекот на преодниот рок. Потрагата по нов напаѓач е приоритет за тимот од „Де Кујп“ поради промените во офанзивниот ред. Каспер Тенгстед веќе направи траен трансфер во Тулуз, додека Ајасе Уеда е пред премин во Лил. Оваа ситуација го принуди Феенорд да побара ново решение за центарфорската позиција, а Миовски се издвои како конкретна опција.

Според новинарот Џошуа Бари од „Ренџерс Ривју“, шкотскиот клуб е отворен за соработка и привремен трансфер на Македонецот. Статусот на Миовски во Ренџерс би можел дополнително да се промени откако клубот ќе го финализира трансферот на венецуелскиот напаѓач Кевин Келси од Портланд Тимберс, кој веќе ги мина медицинските прегледи и ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот на Дерек Мекинес.

Холандскиот клуб го следи Миовски уште од неговиот период во Абердин, каде што постигна 44 голови во две сезони пред да премине во Жирона во 2024 година. Покрај Феенорд, интерес за македонскиот напаѓач покажуваат и клубови од Турција. Ако нашиот фудбалер се реши за понудата од Ротердам, тогаш би можел да има деби од соништата - против големата Барселона (9 септември) во меч од Лигата на шампионите.