Мален е незапирлив: Рома го здроби Лече! (ВИДЕО)

Рома одигра одличен меч на гостувањето кај Лече и славеше со убедливи 4-0 во второто коло од Серија А, додека на теренот повторно блесна Дони Мален со два гола.

Мален делуваше незапирливо на теренот, па денеска погоди во четвртата и 23. минута од натпреварот, додека Суле во финишот од првиот дел зголеми на 3-0.

„Волчицата“ продолжи со силното темпо и во вториот дел, а Мора погоди за 4-0 и со тоа обезбеди нов триумф за екипата од Рим.

Рома има шест бодови и е на првото место во Серија А, додека Мален има дури пет постигнати голови по два одиграни меча.