Ренџерс му ја „отвори вратата“ на Миовски: Македонецот си заминува од Шкотска!?

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски би можел да го напушти Ренџерс во последните денови од летниот преоден рок, откако неговата иднина во шкотскиот гигант станува сè понеизвесна, а како следна дестинација се споменува Турција.

Според информациите од Турција, Генчлербирлиги го ставил Миовски на својата листа на потенцијални засилувања ова лето. Турскиот клуб, сепак, разгледува и други опции за нападот, но Македонецот е еден од главните кандидати.

Трансфер-рокот во Шкотска завршува на 3 септември, додека клубовите од Турција имаат рок до 4 септември да регистрираат нови играчи, па тоа остава простор за дополнителни преговори и можен пресврт во иднината на македонскиот репрезентативец.

Миовски го засили Ренџерс на крајот на август 2025 година, откако претходно играше за Жирона, додека во кариерата го носеше и дресот на Абердин, МТК, Ренова, Македонија ЃП, Работнички и Брегалница.

Фото: Facebook/Rangers FC