Крај на една ера: Меси ја заврши репрезентативната кариера!

Аргентинската фудбалска репрезентација повеќе нема да го има својот легендарен капитен на теренот, откако Лионел Меси објави дека нема повторно да го носи националниот дрес.

Одлуката доаѓа по повеќе од две децении поминати во националниот тим. Меси во емотивна порака истакна дека долго размислувал за својот следен чекор и дека одлуката не била лесна.

„Дадов сè што имав и немам повеќе што да дадам. По многу размислување, сакам да им соопштам на сите дека се повлекувам од репрезентацијата…

Ова беше одлука која болеше и сè уште боли во душата, но разбирам дека дојде моментот. Ви се колнам дека секогаш давав сè од себе, не само во последните години кога освоивме сè, туку и претходно. Секогаш се борев и оставав сè од себе за овој дрес, за да ви донесам радост и да направам да се чувствувате горди што сте Аргентинци преку фудбалот.

Ви благодарам за сета љубов и поддршка во овие 20 години. Многу ќе ми недостига да ве слушам од теренот“, посочи Аргентинецот.

Неговиот репрезентативен период беше исполнет со историски успеси, а најголемите достигнувања беа освојувањето на Копа Америка, како и титулата на Светското првенство во 2022 година.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Leo Messi (@leomessi)

Фото: AFA - Selección Argentina