Емотивни сцени во Њујорк: Ѓоковиќ плачеше среде мечот со Навоне (ВИДЕО)
Српскиот тенисер минуваше низ исклучително тежок период на теренот, не само поради играта на противникот, туку и поради сериозните физички проблеми со кои се соочуваше во текот на мечот.
Во еден момент Ѓоковиќ беше видно емотивен, а солзите на неговото лице покажаа колку тешко го доживуваше она што се случува на теренот. И покрај болката и исцрпеноста, тој продолжи да се бори и не се откажа од мечот.
Новак успеа да се врати во натпреварот и по загубениот прв сет да освои два сета во низа, со што поведе со 2-1. Сепак, физичките проблеми стануваа сè поочигледни, а Навоне го искористи падот на српскиот тенисер. Аргентинецот го освои четвртиот сет со 6-2, а во решавачкиот беше уште поубедлив – 6-1.
Ѓоковиќ на крајот мораше да му ја честита победата на Навоне, но сцените од текот на мечот останаа меѓу најемотивните моменти од неговиот настап во Њујорк. За тениската легенда, ова беше особено тежок ден – првпат по 2006 година Гренд слем турнир ќе го напушти уште по првиот меч.