Aл Хилал го претстави голгетерот кој ќе биде замена за Бензема
Англискиот репрезентативец потпиша тригодишен договор вреден 45 милиони евра нето, додека клубот од Бирмингем на име обесштетување инкасираше повеќе од 58 милиони евра.
Со влегувањето во четвртата деценија од животот и со значително поголема заработка од онаа што ја имаше на „Вила Парк“, одличниот напаѓач се одлучи за преселба на Блискиот Исток.
Воткинс во Ал Хилал пристигнува како директна замена за Карим Бензема, со кого саудискиот гигант спогодбено ја прекина соработката по само шест месеци.
Прославениот француски голгетер ги разочара навивачите и испадна од плановите на тренерот Симоне Инзаги, па по исцрпувачките преговори се согласи на отпремнина од 17 милиони евра.
Иако Бензема има богат договор со Министерството за спорт за промоција на саудискиот фудбал до 2030 година, според кој му се загарантирани 80 милиони евра, сè погласни се шпекулациите дека Французинот наскоро би можел да објави крај на играчката кариера.