Шкендија Арачиново со три бода се враќа од Куманово, нов пораз на Башкими!
Башкими останува закован на дното без ниту еден бод, а за ваквата лоша серија да продолжи за кумановскиот тим, се погрижи Шкендија Арачиново која со цел плен се враќа оттаму.
Арачиновци поведоа уште во осмата минута со гол на Фазлагиќ, а во 25. минута Башкими го постигна премиерниот гол сезонава за 1-1, Рибеиро беше стрелец.
Во судиското продолжение од првиот дел Фазлагиќ даде уште еден гол за водство на Шкендија Арачиново од 2-1, што беше и конечен резултат.
Башкими се обидуваше во вториот дел да дојде до израмнување, но Шкендија успешно се одбрани.