Нено испиша историја во Виена – прв во светиот дрес оствари двоен ефект во три категории!
Никој пред него досега немал вака универзален учинок со двоен ефект во три статистички категории. Нено двапати претходно беше ептен блиску до вакво остварување и тоа со 32 поени, 8 скока и 8 асистенции во мечот против Полска и со 25 поени, 8 скока и 8 асистенции во дуелот против Естонија (двата дуели се од февруари 2024 години). Од другите, најблиску статистички бил Итан Хап со 18 поени, 10 скока, 4 асистенции и 4 блокади во истиот дуел против Естонците од пред две години.
Петар Наумоски останува најдобар стрелец во репрезентацијата со 49 поени во меч против Полска одигран во 1997 година, на кој имаше коефициент на ефикасност 45 што е убедливо најмногу за еден македонски репрезентативец.