Фалангата и кошаркарите како едно - во Виена се најави враќањето европската елита (ФОТО)

Македонската кошаркарска репрезентација со фантастична игра ја прегази Австрија во Виена славејќи победа со убедливи 91-59, а по дуелот кошаркарите не пропуштија и да ги поздрават навивачите.

Фалангата во голема бројка се собра за да ги поздрави и поддржи кошаркарите кои возвратија на најдобар можен начин, со доминација од првата до последната минута. 

За Македонија ова беше прв натпревар во оваа втора рунда од претквалификациите, додека Австрија го претрпе поразот со што ги загуби сите шанси за место во квалификациите.

Следниот предизвик за нашата селекција е закажан за 26 ноември кога дома ќе играме против Кипар и тој натпревар ќе одлучува кој ќе го освои првото место кое носи во квалификациите за ЕП 2029.