Флик ги насмеа новинарите: Нема ли прашања за Алварез?! (ВИДЕО)
Тренерот на Барселона, Ханси Флик ја искористи ситуацијата за да се пошегува и да ги насмее новинарите на прес-конференцијата пред натпреварот против Рајо Валјекано.,
„Нема ли прашања за Алварез?“, се пошегува Флик, кој беше изненаден затоа што новинарите не му поставија прашање за иднината на ѕвездата на Атлетико Мадрид.
Гигантот од Мадрид веќе ја соопшти конечната одлука, а тоа е дека нема да го продаде Аргентинецот во Барселона.
Фото: Facebook/FC Barcelona