Голем малер: Барди по само две минути откако влезе во игра - доби црвен картон (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, долго ќе го памети вечерашниот дуел на својот Коњаспор на домашен терен против Кочаели, но не толку по поразот (1-2) отколку по фактот што на теренот мина само – две минути.

Тој не беше меѓу стартерите, а доби шанса да влезе во игра на стартот од второто полувреме. Но, веќе во 48. минути направи остар фаул со отворена копачка, по што судијата реши директно да го врати во соблекувалната. Тоа скапо го чинеше неговиот тим, кој од првото полувреме го имаше водството. Гостите со играч повеќе постигнаа два гола и направија целосен пресврт до крајот.

Барди има лош старт на сезоната во турското првенство, со оглед што ниту еднаш не беше стартер во првите три средби, а вкупно досега има одиграно само 40 минути.