Познати се деталите: Голот на Челси ќе го брани бивш светски шампион!

Челси е пред реализација на голем трансфер во голманската линија, откако клубот постигна договор со Астон Вила за ангажман на аргентинскиот голман Емилијано „Дибу“ Мартинез.

Според последните информации, двата клуба се договориле за трансфер вреден 7,5 милиони фунти, а Мартинез веќе пристигнал во Лондон за да ги заврши лекарските прегледи и да го потпише договорот.

Мартинез ги договорил личните услови со Челси, а планирано е да потпише двегодишен договор, до 2028 година, со опција соработката да биде продолжена за уште една сезона, односно до јуни 2029 година.

Неговото пристигнување во Челси дополнително ќе ја засили конкуренцијата за место меѓу стативите, особено по нестабилниот старт на сезоната на Роберт Санчез.

Фото: Facebook/Selección Argentina in English