Падна договор: Мартинез ќе ја напушти Астон Вила, но ќе остане во Премиер лигата

Челси заврши уште еден голем трансфер пред продолжението на новата сезона, успеаја да го убедат Емилијано Мартинез да се пресели на „Стемфорд Бриџ“

Договорот е постигнат меѓу сите страни и се очекува само официјализација на трансферот.

Астон Вила го доведе Зион Сузуки надевајќи се дека Мартинез ќе постигне договор со Јувентус, но тоа не се случи. Во меѓувреме, аргентинскиот голман тргна во потрага по нов клуб и брзо го пронајде.

Така, Мартинез кариерата ја продолжува во Челси, а „сините“ за неговиот трансфер ќе платат 7,5 милиони фунти.

Мартинез бранеше во одлична форма во последните пет години, со Аргентина го освои Светското првенство, а со Астон Вила избори пласман во Лигата на шампионите и ја освои Лигата на Европа.