Миовски реализираше пенал, Ренџерс ја заврши европската епизода
Во првиот натпревар Ренџерс победи со 1-0, а ист беше резултатот и денеска само во корист на Јаблонец.
Така за патникот во лигашката фаза одлучуваа пеналите, таму Јаблонец беше поуспешен со 4-3. Македонскиот репрезентативец во игра влезе дури во продолженијата и погоди во втората серија. Сепак, неговиот гол не помогна многу.
Место во главната фаза обезбеди Лугано на Езѓан Алиоски кој ремизираше 1-1 против Макаби, резултат кој им беше доволен.