Барселона се налути: Нема да им оддаде почит на своите светски шампиони

Барселона вечерва на првиот домашен натпревар во сезоната против Атлетик Билбао нема да им оддаде почит на своите фудбалери кои со Шпанија го освоија Светското првенство.

Каталонскиот клуб претходно планираше признание за осумтемина свои фудбалери кои минатиот месец со Шпанија ја освоија светската титула. За разлика од другите шпански клубови, кои во соработка со федерацијата веќе организираа слични церемонии со трофејот и селекторот Луис де ла Фуенте, Барселона се откажа од тоа по инцидентот во Елче минатиот викенд.

Од клубот наведуваат дека на еден навивач пред натпреварот полицијата му одзела знаме со каталонски симбол, а освен тоа навивачот бил и насилно приведен. 

Наместо свеченост за репрезентативците на Шпанија, пред „Камп Ноу“ е планирана поделба на 10.000 знамиња со симболот на Каталонија, а претседателот на клубот Жоан Лапорта го поддржал ваквиот потег. Тој порача дека сега не е најсоодветен момент за оддавање почит на фудбалерите и додаде дека фудбалот мора да обединува, а не да создава конфликти/

Меѓу фудбалерите на Барселона кои станаа светски шампиони се Жоан Гарсија, Ерик Гарсија, Педри, Пау Кубарси, Гави, Родри, Дани Олмо и Ламин Јамал.