Ждрепка за УС Опен: Ѓоковиќ може на Вавринка, Медведев и во полуфиналето на Алкараз

Денеска во Њујорк беше извршена ждрепката за последниот Гренд слем во сезоната, УС Опен кој ќе се одржи претстојните две недели.

 

Најуспешниот тенисер на Гренд слем турнирите, Новак Ѓоковиќ е поставен за четврти носител, а ждрепката му донесе неколку сериозни имиња во неговата половина од турнирот.

Почнува против Маријано Навоне, а ако ја мине првата пречка, во второто коло може да го очекува исклучително интересен дуел со Стан Вавринка или Матео Беретини. Вавринка е поранешен шампион на УС Опен, а во 2016 година токму против Ѓоковиќ ја освои титулата во Њујорк. Во третото коло како можни противници се појавуваат Томас Мартин Ечевери и Мартин Ландалусе, додека во осминафиналето Ѓоковиќ би можел да се сретне со Андреј Рубљов или Брендон Накашима.

 

 

Четвртфиналето, според проекциите на ждребот, би можело да му донесе уште потежок противник – Данил Медведев или Френсис Тијафо. Најголемото внимание, сепак, го привлекува можноста за полуфинале со Карлос Алкараз. Шпанецот е втор носител и се наоѓа во истата половина од костурот со Ѓоковиќ, па нивниот дуел е можен доколку двајцата стигнат до завршницата. Од другата страна, како највисоко поставен носител се наоѓа Александар Зверев, па тој би можел да биде противник на Ѓоковиќ во големото финале.

Овогодишниот УС Опен е особено важен за српскиот ас, кој во Њујорк ќе атакува на рекордната 25. гренд слем титула. Јаник Синер нема да настапи поради повреда, додека Алкараз се враќа на терените по повеќемесечна пауза. Турнирот започнува на 30 август.