Македонските одбојкарки со победа над Алжир ги завршија МИ!

Во четвртото коло од групната фаза, одбојкарската женска репрезентација на Македонија ја оствари првата победа откако со 3-1 (25-10, 25-27, 25-14, 25-20) го совладавме Алжир.

Македонија одлично го почна мечот и го доби првиот сет со убедливи 25-10, но следуваше опуштање, па вториот сет го загубивме со 25-27.

Лекцијата беше научена, во следните два сета влеговме многу подобро, ги добивме со 25-10 и 25-27 и победивме со 3-1.

Андротеа Милевска со 21 поен беше најефикасна во нашите редови следена од Тамара Атанасова со 15 поени, додека Ива Стојкоска запиша 14.

Ова беше последен меч на нашите одбојкарки на Медитеранските игри. Остваривме една победа и имавме три порази.