Алварез втор ден не тренира со Атлетико, се случува вистинска трансфер сапуница!

Хулијан Алварез и втор ден по ред не се појави на тренинг со соиграчите од Атлетико Мадрид, наводно не се чувствува добро.

Неговото отсуство од тренинзите на Атлетико многумина го толкуваат како валкана тактичка игра на Барселона за напаѓачот да направи дополнителен притисок и да изнуди трансфер во каталонскиот клуб.

Но, Атлетико Мадрид е децидент, тие велат дека немаат намера ниту да преговараат со Барселона, не постојат шанси тој да се пресели таму.

Раководството застана зад директорот Мигел Анхел Хил Марин, кој се посочува како човекот кој со своето его го кочи трансферот.

„Одборот на директори едногласно ја поддржува одлуката на клубот да не преговара со Барселона за трансфер на Хулијан Алварез“ – стои во соопштението.

„Свесни сме дека Атлетико Мадрид е отворен за преговори што е вообичаено на трансфер пазарот, но тие мора да се водат на етички и професионален начин, со почит меѓу клубовите. Целосно стоиме зад ставот што веќе го соопшти клубот, дека Барселона не ги исполни овие услови, па затоа немало, ниту ќе има преговори со нив за трансфер на Хулијан Алварез“.

„Убедени сме дека нашиот играч ќе ја разбере одлуката и дека ќе продолжи да игра на највисоко ниво со цел да му помогне на клубот да ги оствари целите, како што тоа го правеше изминатите две сезони“.