Историски момент: Русија по четири години егзил се враќа на ракометен Мундијал!
Двете селекции ќе настапат на шампионатот, кој од 15 до 24 октомври ќе се одржи во Мароко, откако ИХФ ги укина санкциите кон нив и им овозможи на младите репрезентации повторно да се појават на меѓународната сцена. Русија и Белорусија последен пат настапија на големо европско натпреварување во 2022 година, по што следуваше повеќегодишна пауза поради војната со Украина.
Пред доделувањето на специјалните покани, беа познати 11 учесници на премиерното издание на овој шампионат. Место обезбедија домаќинот Мароко, Гвинеја, Египет, Германија, Унгарија, Кина, Узбекистан, Мексико, САД, Парагвај и Аргентина. Со вклучувањето на Русија и Белорусија, бројот на учесници дополнително се зголеми, а турнирот добива и своја политичко-спортска димензија по враќањето на двете земји на меѓународната сцена.