Одбојкарките добро тргнаа, па застанаа против Грција

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во третиот натпревар на Медитеранските игри во Таранто.

Нашите одбојкарки загубија од Грција со 1-3 и покрај тоа што го добија првиот сет со 25-22. Тоа беше аларм за Гркинките кои во следните три сета ни дозволија вкупно 37 поени од кои едвај седум во третиот сет (26-13, 25-7, 25-17).

Најдобра во македонската репрезентација беше Тамара Атанасова со десет поени, Бошковски освои седум, а Стојкоска и Милевска шест.

До крајот на Медитеранските игри, за нашата селекција останува уште дуелот против Алжир, утре од 14 часот.