Судиите го оставија Рустемовски без финале на МИ!
Рустемовски не успеа да се пласира во финалето, па ќе се задоволи со бронзениот медал кој му беше загарантиран со самиот пласман во полуфиналето.
Нашиот натпреварувач го загуби мечот на поени со 4-1, од петте судии само еден пресуди во полза на Рустемовски.
Македонската делегација е револтирана од судењето на овој меч, обвинува за кражба и ја разгледува можноста да поднесе приговор.