Мојсовска не успеа да се пласира во финале, заврши на 18. место на МИ

Анастасија Мојсовска која се натпреваруваше во дисциплината воздушна пушка 10 метри, не успеа да влезе меѓу најдобрите осум на Медитеранските игри во Таранто.

Нашата натпреварувачка на крајот имаше 616,9 поени, што беше доволно за 18. место.

На првите три места имаше две натпреварувачки од Србија, Анѓелија Стевановиќ која го освои првото место со 632.7 поени, и Александра Стојадиновиќ која со 630.0 поени беше трета.

На второто место беше Дамла Косе од Турција со 631.1 поен.

Во финалето продолжија најдобрите осум. Вкупно се натпреваруваа 26 учеснички.