Барселона и Динамо Загреб влегоа во спор, причината е - Ливаковиќ!
Откако ќе потпише со Ливаковиќ, Барселона планира да го пушти хрватскиот голман на едногодишна позајмица, а од наредната сезона да го врати, тогаш ќе замине Војчех Шчесни.
Првичниот план беше Барселона да го даде Ливаковиќ на едногодишна позајмица во Динамо Загреб, но преговорите не се одвиваат успешно.
Проблемот е тоа што хрватскиот клуб го сака на двегодишна позајмица, Динамо сака подолгорочно решение на голманската позиција.
Тоа не ѝ одговара на Барселона, која сака да го има Ливаковиќ во својот ростер од следната сезона.
Дали ќе се случи некаков компромис, останува да се види, но се верува дека доколку Динамо не попушти во своите барања, Ливаковиќ ќе замине на позајмица во друг клуб.