Манчестер Сити го потврди засилувањето од 100 милиони евра!

Манчестер Сити денеска и официјално го презентираше новото засилување, 18-годишниот марокански фудбалер, Ајуб Буади кој доаѓа од Лил.

Младиот играч за врска потпиша петгодишен договор со англискиот шампион според кој ќе остане на „Етихад“ до 2031 година.

Буади важи за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, иако има само 18 години, тој за Лил веќе има 96 настапи, а за Мароко осум пати го носеше дресот на сениорската репрезентација.

Манчестер Сити за овој трансфер одвои дури 100 милиони вра.