Ѓоковиќ и Сабаленка поразени уште во првото коло на УС Опен!
Само еден меч траеше настапот во двојки на Сабаленка и Ѓоковиќ, тие загубија во првото коло од Синиакова од Чешкаи и Патен од Велика Британија со 1-2 во сетови.
Славната двојка тргна одлично и го доби првиот сет со 4-1, но противниците возвратија со 4-2 израмнувајќи на 1-1 во сетови.
Третиот сет всушност беше супертајбрејк кој го добија Синиакова и Патен со убедливи 10-2.
Сабаленка и Ѓоковиќ можеби среќата во двојки ќе ја побараат на некој друг турнир, нивниот прв заеднички настап не беше успешен во САД.