Легенди од Бундеслигата си купија клубот во Португалија

Германската инвестициска групација, чии партнери се легендарните Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер, купиле 90 отсто од акциите на португалскиот прволигаш Естрела де Амадора за 40 милиони евра.

Германскиот бизнисмен Јоханес Мосманг ќе ја преземе улогата на претседател на клубот и ќе има за задача да создаде моќен тим кој ќе може да се бори за висок пласман.

„Новата структура на акционерите е составена од инвеститори со искуство во спортот. Вложувања и технологија, а меѓу стратешките партнери се и фудбалски легенди како Томас Милер, Матс Хумелс и Јан Зомер“, објави клубот.