ФФМ подари 1.740 топки на третолигашите и најава дека нема да застане (ВИДЕО)
Во шесте региони – Тетово, Битола, Прилеп, Струмица, Куманово и Скопје – денеска беа распределени вкупно 1.740 топки од брендот ПУМА за екипите кои се натпреваруваат во Третите лиги. Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ, најави дека ова е само една од серијата донации за клубовите од домашниот фудбал.
„Нова сезона, ама ритамот не го менуваме. Ова е само една од серијата донации за клубовите од домашните лиги. Редот продолжува, следна адреса – пониските лиги“, објави Омерагиќ.
Со ова ФФМ најавува дека поддршката ќе продолжи и кон клубовите кои се натпреваруваат во пониските рангови на македонскиот фудбал.