Драма во Барса: Јамал тотално се распадна – соиграчите мораа да го тешат на клупата (ВИДЕО)

Екипата на Барселона синоќа го декласираше Елче (5-0), но убедливата победа остана во сенка на драматичната вечер на Ламин Јамал.

Младиот ас на каталонскиот гигант одигра далеку под своето вообичаено ниво, а неговата реакција по замената предизвика бројни коментари во Барселона и на социјалните мрежи. Според аналитичарите, тој не успеал да ја направи разликата на теренот како што тоа често го прави. Немал свој препознатлив учинок, не создавал сериозна опасност пред голот на Елче и не успеал да го наметне своето темпо.

Во меѓувреме, другите офанзивци блеснаа. Фермин Лопез постигна два гола, новото засилување Карим Адејеми ги запиша своите први официјални погодоци за Барселона, додека Ентони Гордон, кој влезе од клупата, забележа две асистенции. Ханси Флик реши да го замени Јамал во 65. минута, но токму тогаш започна драмата. Младиот фудбалер веднаш седна на клупата видно разочаран и лут. Камерите го фатија во моменти на силна емотивна реакција, а снимките експресно се проширија на социјалните мрежи.

Неколку негови соиграчи, меѓу кои Рафиња и Адејеми, како и членови на стручниот штаб, веднаш се обидоа да го смират и утешат. Сепак, Јамал не се смирил ниту по последниот свиреж. Шпанскиот „Спорт“ објави дека 19-годишниот напаѓач останал видно вознемирен и во тунелот на стадионот.

Неговата реакција отвори простор за различни толкувања. Дел од шпанските медиуми ја поврзуваат со неизвесноста околу неговиот близок соиграч Алехандро Балде и можноста дефанзивецот да го напушти клубот. Други, пак, сметаат дека станува збор за фрустрација поради падот во формата и огромниот притисок што Јамал го носи на своите раменици по настапот за Шпанија на СП 2026 година.