Шок од УС Опен: Поранешен освојувач на турнирот не доби вајлд-карта!

Швајцарскиот тенисер Станислав Вавринка ја игра последната сезона во кариерата, но и покрај тоа не доби шанса да се збогува со фановите на УС Опен на начин на кој што посакуваше.

Организаторите на последниот гренслем-турнир во сезоната одлучија на поранешниот освојувач да не му дадат вајлд-карта за настап на главниот турнир.

Наместо Вавринка, организаторите им дадоа вајлд-карти на Американците Патрик Кипсон и Дарвин Бланч.

Вавринка пред точно 10 години го освои УС Опен, откако во финалето славеше против Новак Ѓоковиќ.