Несторовски погоди против Горица и донесе прв триумф за Славен Белупо!

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски повторно постигна гол за Славен Белупо и донесе победа од 2-0 против Горица во четвртото коло од хрватското првенство.

Несторовски го почна мечот со жолт картон во четвртата минута, по што неговиот колега Митровиќ стрелаше за 1-0 во 18. минута.

Искусниот напаѓач само неколку минути подоцна погоди за 2-0 за Славен Белупо, а на теренот остана до 67. минута по што беше заменет од Дабро.

Славен Белупо по четири одиграни кола има три поени во хрватскиот шампионат.

Фото: NK Slaven Belupo/Facebook