Мајсторија на Штах за радост на Лидс, Евертон го надигра Кристал Палас (ВИДЕО)
Нотингем и Лидс одиграа израмнет натпревар, но расположен за тресење на мрежи беше гостинскиот состав, а тоа го покажа уште во 25. минута. Вилсон погоди во мрежата на домаќинот, но ВАР-технологијата му го поништил голот поради офсајд.
Лидс, сепак, до триумф стигна во 88. минута кога Штах го постигна единствениот погодок на натпреварот (1-0) за победа на новиот тим на македонскиот репрезентативец Дитмир Хоџа.
🚨 Anton Stach great late goal !!!!
— Goals Xtra (@GoalsXtra) August 22, 2026
🏴 Nottingham Forest 0-1 Leeds
pic.twitter.com/hdcJz8dkAp
Фудбалерите на Евертон го скршија отпорот на гостите од Лондон во 42. минута кога Дјузбери-Хол ја затресе мрежата за водство од 1-0 на „карамелите“.
Евертон постигна и втор гол, и тоа во 53. минута кога Бери стрелаше за предност од 2-0, по што Кристал Палас се закани неколку пати, но не успеа да постигне погодок.
Најмногу голови имаше на дуелот меѓу Ипсвич и Сандерленд (2-1). Двете екипи постигнаа по еден погодок уште во првиот дел, односно домаќините погодија преку Емерсон, а гостите стрелаа преку Ангуло.
Ипсвич стигна до трите бодови со гол во самата завршница, односно во 90. минута кога Кларк погоди за 2-1.
Фото: facebook/Leeds United